(ФОТО) Тони течно чоколадо поплавија улица во Германија


Неколку тони течно чоколадо синоќа се излеаја во германскиот град Верла, во западниот дел на државата. Како што пренесува британски „Гардијан“, инцидентот се случил откако се преполнил резервоарот на локална фабрика за производство на течно чоколадо.

„Неколку тони течно чоколадо се излеаја во дворот, а потоа и на блиските улици“, изјавил портпаролот на градската противпожарна служба.

Пожарникарите морале околу два часа да ја затворат улицата за сообраќај, а чоколадото разлеано на површина од околу 10 квадратни метри пожарникарите го собрале на куп со лопати, кој на крајот го собрала компанијата задолжена за хигиената во градот.