(Фото) Раул Гонзалес прогласен за Европска личност на годината


Европското движење во Република Македонија на својата завршна свеченост по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, вчера додели плакети за европски придонес во 2017 година.

Тренерот на РК Вардар Раул Гонзалез Гутиерез е прогласен за Европска личност на годината. Наградата ја додели евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.

Овие пригодни призанија се доделуваат на лица кои придонесуваат за афирмација на европските вредности во РМ, на лица или организации кои значително придонесуваат во промоцијата на РМ и нејзините вредности во Европа и во светот.

Оваа година беа доделени исто така и следните плакети:

-РК Вардар за Особен придонес за промоција на РМ во Европа

-НЕ Мартин Безак за Почесен член на ЕДРМ