Формиран комитет за историски, археолошки и образовни теми меѓу Македонија и Грција
Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.
Во составот на ЗИКЕ од двете земји ќе има по седум членови. Македонскиот тим го предводи амбасадорот Виктор Габер.
За формирањето на заедничкиот комитет соопштија и од Министерството за надворешни работи на Грција. Претседател на грчкиот тим е заменик-министерот за надворешни работи Маркос Боларис.
Како што информира денеска Министерството за надворешни работи, овој комитет е формиран во согласност со член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17 јуни 2018 година.