УЈП продава од слики до станови


Од автомобили до ниви, телевизори, уметнички слики и подземни гаражи продава Управата за јавни приходи. Аукцијата е закажана за 27 август.

Според информациите од УЈП, на аукцијата може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирани и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните и недвижните ствари, најдоцна до 17 август во трезорска сметка на Министерство за финансии.

Работите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.