Украдени десет акумулатори од пет возила


Десет акумулатори од пет возила се ујрадени во Росоманско ноќта меѓу 24. и 25. овој месец, од страна на непознати сторители, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Штета од околу шеесет илјади денари претрпеле двајца сопственици на товарни моторни возила, соопшти Додевски.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.