УЕФА дозволува четврта измена


Од следната сезона во Лигата на шампиони и Лигата Европа ќе биде воведено правило за четврта измена во случај на продолженија во нокаут-фазата, како и можност еден фудбалер иста сезона да игра за два клуба во едно натпреваруавње, соопшти УЕФА.

На тимовите во дополнителните половина час, ако се играат продолжетоци, ќе им биде дозволено да извршат по уште една измена.

Истовремено, овозможено е клубовите во зимската пауза да променат тројца играчи без какви било рестрикции што значи дека еден фудбалер ќе може да игра за два клуба во Лигата на шампиони иста сезона.

На тој начин е избегната ситуација како моментната во Барселона, за која Фелипе Кутињо не може да игра во завршницата на Лигата на шампиони бидејќи во првиот дел играше за Ливерпул.

Најавени се и нови термини за натпревари во Лигата на шампиони и Лига Европа – од 18.55 и од 21 часот  по средноевропско време.