Уапсени двојници на Доналд Трамп и Ким Џонг-ун


Виетнамските власти ги притворија Расел Вајт и Хауард Екс, имитатори на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун.

Вајт и Екс тврдат дека 15 полицајци ги испрашувале речиси три часа и им рекле да да се откажат од имитациите, пренесува „Индипендент“

Во изминатите неколку дена тие шетаа по улиците на Ханој, разговараа со медиумите и се фотографираа со граѓаните.

„Полицијата и службениците за имиграција ни сугерираа да не се појавуваме јавно и да не ги извршуваме имитациите поради нашата безбедност, бидејќи Трамп и Ким Џонг-ун имаат многу непријатели“, изјави Екс, чие вистинско име е Ли Хоуард Хо Вун.

По распитот во траење од два ипол часа, тие биле вратени во хотелот, кој не смеат да го напуштат додека властите не одлучат што ќе прават со нив.