Трајковски погоди за Палермо против Бари


Македонскиот репрезентативец во дресот на Палермо, Александар Трајковски постигна еден гол во победата на неговата екипа на гостувањето против Бари од 3:0. Трајковски го постигна вториот гол во 69.минута. Ова е втор гол сезонава за Трајковски за Палермо во Серија Б. Поради повреда натпреварот го пропушти капитенот на Палермо и македонски репрезентативец Илија Нестровски. Палермо со денешниот триумф по 18.коло се искачи на првото место на табелата на Серија Б со 32 бода, додека Парма и Фросиноне имаат по 30 бодови.