Таткото на Литвиненко: Скотланд јард ги крие доказите за убиството на Скрипаљ


Таткото на Александар Литвиненко, агентот кој беше отруен во Лондон пред една деценија, за РТ го коментираше случајот со Сергеј Скрипаљ.

Валтер Литвиненко вели дека Русите во Велика Британија се заложници на разузнавачките служби на Западот. Тој вели дека со години верувал дека Русите биле вмешани во нападот врз неговиот син во 2006 година, но додаде дека се премислил откако со години ги анализирал недоследностите во истрагата.

Да потсетиме, Лондон тврди дека Литвиненко е отруен со радиоактивен полониум. Овој чин е означен како нуклеарен тероризам, за кој е обвинета Русија, а Москва го отфрла обвинението.

Нападот врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солсбери на 4 март беше означен како прв напад со нервен агенс во Европа од Втората светска војна.

Валтер Литвиненко за РТ изјави дека иако има сличности со случајот на труење на неговиот син, во овој случај се работи за поинаква тактика.

Според него, труењето на неговиот син е осмислено за Русија да се прикаже како исклучително сурова и како Британија се бори против непријателите. Сегашната ситуација со случајот Скрипаљ е создадена, како што тврди тој, со цел да предизвика реакција од страна на Москва.

„Британците сфатија дека згрешија во случајот на Литвиненко и одлучија да ја сменат тактиката. Тие сега не покажуваат никакви докази, сѐ се сведува на чекање реакцијата од Москва. Ако имаше, како што велат, руска трага, сè ќе беше јасно уште одамна“, рече тој.

Валтер смета дека оваа истрага е многу понетранспарентна од 2006 година.

„Истото беше со Саша (Александар), да постоеше руска трага, ќе се повторуваше одново и одново до ден-денес. Скотланд јард (седиштето на лондонската полиција) не го бараше сторителот. Скотланд јард ги криеше доказите“, додаде тој.

“Ќе биде тешко да се сокрие сè и на крајот нема да успеат. Ќе бидат фатени, а Тереза ​​Мај ќе биде посрамена, па дури и оној кловн, министерот за надворешни работи Борис Џонсон, ќе биде посрамотен”, истакна Валтер.

Како што вели, луѓето како Александар доаѓаат во ситуација да станат заложници на странски влади и разузнавачки служби.

„За нив не е корисно Скрипаљ да остане жив. А девојката, таа не знае ништо. Скрипаљ знае. Таа само дошла да го посети својот татко. Јулија ќе ја остават да преживее, но ако знае нешто – нема да извлече ниту таа“, додаде Валтер Литвиненко, таткото на поранешниот агент Александар Литвиненко.