Стивен Хокинг беше еден од најголемите умови!


Мојата цел е едноставна, а подразбира целосно разбирање на универзумот, таков каков што е и зошто воопшто постои, истакнуваше англискиот и светски познат теориски физичар Стивен Хокинг, кој денеска почина на 77 години во својата куќа во Кембриџ.

– Беше голем научник и исклучителен човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години, се посочува во соопштението од неговите дева Луси, Роберт и Тим.

Професор Хокинг беше најпознат по проучувањето на црните дупки, за кои утврди дека со текот на времето губат енергија и избледуваат, за потоа целосно да исчезнат. Таквиот феномен е познат во науката како „Хокингова радијација“.

Хокинг беше првиот светски научник, кој во својата работа ја комбинираше квантната механика со општата теорија за релативитетот на Алберт Ајнштајн. Тој демнострираше дека теоријата на Ајнштајн за релативитетот всушност значи дека вселената, која почна со Голема експлозија, ќе заврши во црна дупка.

Тој тврдеше и дека откривањето на „теоријата на се“ ќе му овозможи на човештвото да „го спознае божјиот ум“. Хокинг наведуваше дека верувањето во Бог кој интервенира во универзумот е само пуста желба.

– Сепак не можеме, а да не се запрашаме: Зошто постои универзумот? Не знам оперативен пат кој би дал одговор на тоа прашање, ако воопшто и постои… но тоа е нешто што ме мачи, изјави Хокинг во 1991 година.

Хокинг пишуваше и дека целта е целосно разбирање на настаните околи нас и на нашето постоење. Но, неколку години подоцна, навести дека можеби не постои таков вид на теорија.

Стивен Вилијам Хокинг е роден на 8 јануари 1942 година. Дипломира физика на Оксфорд, а потоа на тема од теоријата на релативитетот докторира на Кембриџ, каде ја продолжи академската кариера. Тој во 1974 година стана член на Кралското друштво, а пет години подоцна и професор по математика.

На 22 години дијагностицирана му беше е исклучително прогресивна неуромоторичка болест која го ограничува движењето и говорот. Поради амиотрофна латерална склероза (АЛС) Хокинг поголемиот дел од животот го помина во инвалидска количка, целосно неподвижен, а комуницираше со помош на комјутер и гласовен синтисајзер. Лекарите по дијагностицирањето на болеста му предвидуваа неколку години живот, но тој живееше повеќе од пет децении и даде исклучителен придонес во физиката и математиката.

Зад себе остави многу дела, од кои најпозната е книгата „Куса историја на времето“

Хокинг стана и икона на поп културата, па се појави и во сериите „Ѕвездени патеки“, „Симпсонови“, „Футурами“, „Бубалици“, но и во претставите „Летечкиот циркус Монти Пајтон“ и на албумот „The Endless River“ на Пинк Флојд.

За животот на Хокинг во 2014 година сниман е и филмот „Теорија на се“.

Неостварен сон на Хокинг му беше да одлета во вселената.

Тој во 1965 година се ожени со Џејн Вајлд, со која има три деца. Хокинг и Вајлд се разведоа во 1991 година, а четири години подоцна тој се ожени со Елејн Мејсон, медицинска сестра која го негуваше. Тие се разидоа во 2006 година.