Србија отвори две нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ
Србија на Меѓувладината конференција во Брисел вечерва ги отвори шестото и 30-то поглавје од преговорите за членство во ЕУ, кои се однесуваат на трговското право и економските односи со странство.
Главната преговарачка на Белград во преговорите за пристапување со Унијата, Тања Мишчевиќ наведе дека со поглавјето шест ќе се создадат принципи и систем што ќе овозможи формирање и функционирање на компаниите во Србија според европските стандарди.
Мишчевиќ, која е дел од делегацијата на Белград на Меѓувладината конференција во Брисел, истака дека тоа ќе се одрзи и на инвестициите во Србија.
Таа објасни дека на тој начин ќе се создадат услови кои ќе овозможат секоја компанија да имаат целосно идентични услови за работење независно од тоа дали се наоѓа во Србија или во Германија.
Кога станува збор за поглавјето 30, главната преговарачка на Белград во преговорите за членство со Унијата, наведе дека се однесува на подготовка на Србија за вклучување во еден од најголемите светски трговски блокови.
На Меѓувладината конференција во Брисел, што вечерва се одржува во зградата на Европскиот Совет, земјите членки на Унијата ги претставува естонскиот министер за надворешни работи Свен Миксер, комесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан ја претставува Европската комисија, а српската министерката за евроинтеграција Јадранка Јоксимовиќ е претставник на Белград.