СП во Русија според платите: Бразилците најплатени, Панамците на дното


Како би изгледало Светското првенство доколку наместо фудбалери би се бореле нивните плати? „Дејли мејл“ направи симулација по групи, така што сите репрезентации ги распредели според просечната годишна плата на 23. играчи што дошле на Светското првенство.

Платите се изразени во евра.

Група А

1. Уругвај 2.800.000
2. Русија 1.600.000
3. Египет 966.000
4. Саудиска Арабија 760.000

Група Б

1. Шпанија 6 130 000
2. Португалија 4.180.000
3. Мароко 1,250,000
4. Иран 410.000

Група Ц

1. Франција 5.900.000
2. Данска 1.360.000
3. Австралија 740.000
4. Перу 640.000

Група Д

1. Аргентина 5,680,000
2. Хрватска 3.000.000
3. Нигерија 1.500.000
4. Исланд 840.000

Група Е

1. Бразил 6,600,000
2. Србија 1.840.000
3. Швајцарија 1,820,000
4. Костарика 716.000

Група Ф

1. Германија 5.600.000
2. Мексико 1.820.000
3. Шведска 1.500.000
4. Јужна Кореја 730.000

Група Г

1. Белгија 5.900.000
2. Англија 4.800.000
3. Тунис 500.000
4. Панама 170.000

Група Х

1. Колумбија 2.160.000
2. Полска 1.930.000
3. Сенегал 1,820,000
4. Јапонија 1.150.000

Очекувано, најдобро платените се Бразилците. Просечната годишна плата на нивните претставници на СП во Русија изнесува 6,6 милиони евра. Панама, чии фудбалери заработуваат во просек 170.000 евра годишно, е на дното по заработка.

Под Бразилците следуваат Шпанија (6.13), Франција и Белгија (5.9), Аргентина (5.68), Германија (5.6), Англија (4.8) и Португалија со 4.18 милиони евра.