Соседското ракометно дерби на ЕП за Хрватска: „Коцкестите“ ја декласираа Србија со десет гола разлика


Хрватска ја оправда фаворитската улога против Србија и славеше со 32:22 во соседскиот судир во групата А на Европското ракометно првенство. Најефикасни играчи во победничката селекција беа Степанчиќ и Штрлек со шест гола, по четири додадоа Циндриќ и Хорват. Ненадиќ со шест гола и Зеленовиќ со пет го предводеа српскиот национален тим. Претходно, во рамки на А конкуренцијата, Исланд ја совлада Шведска со 26:24.

Франција забележа минимален триумф над Норвешка со 32:31 во Пореч за заокружување на првото коло во групата Б. Во попладневниот термин, Белорусија беше подобра од Австрија со 27:26.

ЕП во ракомет

Група А

Хрватска – Србија 32:22

Шведска – Исланд 24:26

Група Б

Франција – Норвешка 32:31

Белорусија – Австрија 27:26