Со кола удрил во 7-годишно дете и избегал
Возач на патничко моторно возило удрил во седумгодишно дете – пешак по што возачот го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР.
Несреќата се случила вчера околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница.
Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде лекар констатирал телесни повреди.
Полицијата го бара возачот.