Скопје: 232 возачи вчера биле под дејство на алкохол
На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол.
– Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива, велат од МВР.
Претходно, при акциски контроли на подрачјето на Скопје во периодот меѓу 20/21 април биле контролирани 1.234 возачи при што 726 возачи се алкотестирани, а кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Констатирани се и други 252 сообраќајни прекршоци