Симона Станковска е мис глобал за 2018


Мис Медитеран за 2015 Симона Станковска е избрана за мис глобал Еуразија Старс 2018 на интернационалниот избор на убавици во Истанбул, Турција. Право за учество имаа само убавици кои претходно имаат освоено некоја интернационална титула. Симона победи во конкуренција на 25 мис од разни светски избори.

На десетдневните подготовки во Истанбул, со Симона замина и Мики Црнокрак од модното студио „Црнокрак“ кој ја поседува лиценцата за овој избор од Македонија.

-На изборот како специјален гостин се појави и уште една наша убавица, Сандра Стефановска, која лани победи на изборот за Кралица на Евроазија, последниот натпревар организиран од истиот организатор и таа на крајот на изборот доби специјална награда и признание , изјави  Црнокрак.