Семејно насилство во Гостивар, синот ги нападнал родителите
Триесетгодишниот Х.М. од Гостивар вчера е приведен и задржан во полицијата откако физички ги нападнал своите родители.
Министерството за внатрешни работи информира дека Џ.М. (61) ноќеска во 2 и 15 часот пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30). Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал своите родители, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата.
Се работи на целосно расчистување на случајот.