Се самоуби славниот готвач Ентони Бордејн


САД- Славниот готвач, водител и писател Ентони Бордејн, кој стана глобално познат по кулинарската емисија „No reservation“  почина на 61 годишна возраст, одземајќи си го животот. Неговото тело е пронајдено во хотелска соба во Стразбур, Франција, каде Бордејн работеше на снимањето на нова епизода од неговата емисија „Parts Unknown“.

-Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговите таленти никогаш нае престанаа да не фасцинираат  и многу ќе ни недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во вакво неверојатно тешко време, потврди CNN.

Неговиот близок пријател Ерик Риперт, француски готвач, го пронашол Бордејн во хотелската соба без знаци на живот.