Се разведува порно глумицата Сторми Даниелс


САД– Порно глумицата Сторми Даниелс се разведува од сопругот Глендон Крејн, тапанар во хеви метал група,  по три години брак. Двојката е заедно една деценија и има седумгодиншна ќерка. Како причина е наведена разлики во карактерот. Ова беше трет брак за Даниелс која се најде во фокусот на вниманието на јавноста по нејзината сѐ уште непотврдена секс афера со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп ги негираше тврдењата на порно глумицата дека имала афера со него, иако извори блиски до опкружувањето на претседателот признаа дека девојката добила 130.000 долари како дел од спогодбата да молчи.

Таа неодамна беше уапсена за време на настап во стриптиз клуб во градот Колумбус, зашто, како што беше соопштено од полициските власти, „му дозволила на гостин од публиката да ја допре на сцената“. Потоа полицијата ги повлече обвинувањата против Даниелс заради грешки во апсењето.