Се пука во Москва, има повредени
Најмалку едно лице загина во пукотницата утрово во југоисточниот дел на Москва, јави агенцијата „Спутник“. Ранети се уште две лица.
Напаѓачот најверојатно земал и заложници. Полицијата е на лице место и се обидува да го уапси.
Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека до пукањето дошло поради имотен спор, поради што еден маж пукал во друг. Вториот загинал. Според руските агенции, станува збор за двајца бизнисмени – ривали, кои имале спор околу фабрика за кондиторски производи. Напаѓачот бил претходен сопственик на фабриката, а жртвата – сегашен.
Полицијата за затворила улицата и се обидува да преговара со напаѓачот.