СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти политиките на поделби и да го прифати концептот на едно општество


СДСМ преку соопштение го повикува ВМРО-ДПМНЕ да го прифати концептот за едно општество. Таа вели дека законот за јазиците е целосно во согласност со Уставот и дека со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите а тоа е цивилизациска придобивка.

“Ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да смогне сили и да ги надмине погубните политики на Никола Груевски коишто промовираат поделби, деструкција и омраза и навистина да го прифати концептот на едно општество за сите. Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани коишто избраа иднина и силно го поддржуваат концептот едно општество за сите”, велат од СДСМ.