Сара Мејс ужива на море пред породувањето


Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс, со сопругот, водителот Димитар Атанасовски уживаат на одмор пред породувањето. Мејс сподели фотографија на социјалните мрежи од  одморот на Јонското море.

Ова ќе биде прва принова на двојката која се венчаше минатото лето. Не го откриваат полот на детето.

Бунтовната дама на македонската естрада, препознатлива со својата необична фризура, тетоважите и необичниот стил на облекување, се радува на улогата на мајка. Вели, ги издржала мачнините во првото тромесечје, сега може пополека да се подготвува за новите родителски предизвици.

На естрадата е над пет години. Почна со дуетот “Цимерки”, препознатлива по хитовите Врне врне“, „Сон“, „Намбареја“…Ангажирана е како харфистка во МОБ.