Република Српска ќе ја тужи НАТО-алијансата поради бомбардирање со осиромашен ураниум
Република Српска ќе се придружи на тужбата против членките на НАТО поради предизвикување хуманитарна и еколошка катастрофа за време и по бомбардирањето на РС со проектили со осиромашен ураниум. Таква тужба подготвува и Србија, објави „Глас Српске“.
Од правниот тим на Српската кралска академија во Белград, кој работи на подготвување на тужбата против членки на НАТО, наведуваат дека имаат правна основа за покренување тужба.
Таа ќе биде базирана на шест правосилни пресуди на италијански судови кои потврдија заболување од канцер кај италијански војници во Босна и Херцеговина и Косово и Метохија, кои беа гаѓани од членки на НАТО со бомби со осиромашен ураниум.
Во Република Српска е докажано дека во бомбардирањето на нејзината територија се користени проектили што содржеле осиромашен ураниум.
НАТО ја бомбардираше Република Српска од 30 август до 14 септември 1995 година, а Србија од 24 март до 9 јуни 1999 година.