Резултатот во Македонија уште една победа за Русија


Сајмон Тисдал

Одбивањето на гласачите во Македонија да ја поддржат промената на името на нивната земја изгледа, на прв поглед, како прашање од чист локален интерес. Но резултатот од референдумот во неделата ќе се смета за значајна победа за Владимир Путин, неуспех за ЕУ и НАТО, и уште еден вознемирувачки пример за способноста и подготвеноста на Русија да влијае на демократскиот процес во западните земји.

Западните официјални претставници предупредуваа пред гласањето дека Москва се обидува да го намали одѕивот на референдумот со цел да го поништи исходот. На референдумот повеќе од 90 отсто од оние што гласаа ја поддржаа промената на името. Но одѕивот беше околу 37 отсто, помалку од 50 отсто што беше потребно да се донесе обврзувачка одлука за парламентот. Зоран Заев, македонскиот премиер, вети дека ќе продолжи напред, но ќе се соочи со жестоко противење од националистите.

Западните аналитичари оценуваат дека зголемената нестабилност и поделба одговараат на рускиот план за игри. Ако референдумот беше успешен, тој би го решил спорот со Грција, кој го блокира патот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО. Како и насекаде во Западен Балкан, особено во Србија, Косово и Црна Гора, Москва е решена да спречи понатамошно ширење на западноевропското влијание.

За оние што ги проучуваат американските претседателски избори во 2016 година, руските методи во Македонија изгледаат многу познати. Се тврди дека кампањите за дезинформации и „лажни вести“, сајбер-напади и хакирање, лажни профили на Фејсбук и Твитер и тајните парични плаќања – модерниот еквивалент на „црвено злато“ од времето на комунизмот – биле користени.

Русија негираше дека се меша. Но, западните дипломати тврдеа дека минатиот месец се појавија 40 нови постови дневно на Фејсбук, поттикнувајќи го бојкот на референдумот. Постовите прашуваа „дали ќе дозволите Албанците да го променат твоето име?“ – очигледен обид да се предизвикаат тензии на етничките Македонци, кои се мнозинство, со албанското малцинство.

Во еден инцидент, фудбалските поддржувачи што се противат на промена на името се судрија со полицијата во Скопје. Некои подоцна признаа дека биле платени за да предизвикаат проблеми од мрачни лица. Фотографија беше објавена на социјалните медиуми покажувајќи го повреденото лице на популарна пејачка, а тоа беше лажна вест. Заев рече дека во еден момент добил многубројни извештаи дека грчките бизнисмени „сочувствителни кон руската кауза“ платиле десничарски националистички групи околу 21.000 долари за да извршат акти на насилство. Тој беше поддржан од Џејмс Матис, секретар за одбрана на САД, кој за време на посетата на Скопје изјави дека нема „сомневање дека (Русија) префрли пари и спроведува кампањи за пошироко влијание“.

Обидот на Матис да го засили гласањето „да“, поткрепен со осум милиони долари од американскиот Конгрес, беше надополнет со посети на германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Британското Министерство за надворешни работи, наводно, обезбеди референдумски средства.

Сите се обидоа да ги уверат Македонците дека нивната идна безбедност и просперитет најдобро беа опслужени со поблиска интеграција со Западот. Но Москва беше поумешна од нив и подарежлива во трошењето.

Матис ги поврзува настаните во Македонија со минатото на руското вмешување во гласањето во САД, Велика Британија и Европа. „Не сакаме да видиме Русија да го прави (во Македонија) она што е се обиде да го стори во многу други земји“, рече тој. Слично на тоа, Столтенберг рече: „Ние видовме дека Русија многу години се обидува да се меша во демократските политички процеси во овој регион“.

Мешањето на Русија се прошири во северна Грција, каде што четворица дипломати беа протерани во јули поради обидот да се разгорат антимакедонските чувства во Солун. Во 2016 година, Москва беше обвинета дека се обидела да поттикне државен удар во Црна Гора за да го спречи земјата да се приклучи на НАТО.

Како и насекаде во Европа, Русија влијаеше врз кампањата во Македонија експлотирајќи ги и дополнувајќи ги десничарските националистичко-популистички наративи врз основа на забелешките за идентитетот, расата и заканата од ужасна ЕУ. Останува нејасно дали акциите на Москва го нарушија балансот.

Парадоксот е во тоа што, без оглед како ќе се вика нивната земја, големо мнозинство Македонци го поддржуваат членството во ЕУ и НАТО, како што покажа едно неодамнешно истражување. Таа перспектива се повлече некој чекор наназад, барем засега. Во континуираниот натпревар во Европа за моќ и влијание Русија уште еднаш поентираше.

(Авторот е колумнист на лондонски „Гардијан“)