(ФОТО) Рај во аквариум
Парискиот аквариум (исто така познат како Cinéaqua) е фестивал на морето од светска класа. Важи за еден од најстарите аквариуми во светот – изграден е во 1867 година – и го открива возбудливиот и речиси рајски подводен свет на рибите, медузите, корали…

Во аквариумот има повеќе од 10.000 разни видови суштества земени од целиот свет кои живеат во 4 милиони литри вода, сместени во 60 стаклени базени. Меѓу нив и риба дух, која е речиси проѕирна, електрични јагули кои со електричната енергија што ја имаат можат да убијат коњ, ајкули, медузи во повеќе бои, а пред се речиси нереално убави 400 вида корали собрани од Тахити до Индонезија. Ако некаде на земјата има асоцијација за рајот, тоа е подводниот свет во овој аквариум. Светски познатиот филм „Аватар“ како инспирација ја имаше токму оваа подводна убавина.






