Раул Гонзалес: Одигравме многу лошо


Македонија не ја оправда фаворитската улога и претрпе пораз од Грција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а селекторот Раул Гонзалес изрази загриженост за лошата игра на нашиот национален тим.

– Одигравме многу лошо, а не игравме добро ниту против Турција. Денеска против Грција не функционираше ниту нападот, ниту пак одбраната. Иако сите мислеа со колкава разлика ќе ги победиме Турција и Грција, сепак противниците играа добро и мора да имаме почит кон секого, истакна Гонзалес.

Македонија, која загуби во Кожани со 28-26, во следното коло ќе се соочи со Исланд, кој ја порази Грција со 14 гола разлика.