Работнички казнет со 135.000, а МЗТ со 95.000 денари за прекинот во „Градски парк“
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) поради прекинот на натпреварот меѓу Работнички и МЗТ Скопје во „Градски парк” ги вечните ривали со збирна парична казна од 230.000 денари.
Домаќините ќе платат повисок износ и тоа вкупно 135.000 денари, додека гостите од Аеродром ќе треба да издвојат 95.000 денари.
Работнички најголем дел од паричната казна односно 50.000 денари ќе плати за фрлањето на тврди предмети кон клупата на МЗТ Скопје и кон записничката маса. Додека за плукањето на службените лица и давата клуба ќе палатат по 40.000 денари.
Домаќинот поради лоша организација во целост ќе треба да плати 10.000 денари, а за слаба редарска служба уште дополнителни 5.000 денари. А гостите од Аеродром се казнети со 20.000 денари за влегување неслужбени лица на теренот.
Вечното дерби се играше во два дена, а заврши со победа на Работнички.