Работнички во Европа, Победа се избори за бараж


Екипата на Работнички со победата над Скопје го обезбеди третото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига и со тоа се избори за излез на евросцената.

Во борбата за избегнување на директно испаѓање од лигата, последната рунда беше среќна за Победа. Прилепчани со победата над Ренова си обезбедија бараж за опстанок, додека Скопје и Пелистер следната сезона нема да бидат прволигаши.

Резултати на натпреварите од последното (36.коло) во Првата македонска фудбалска лига:

Академија Пандев – Силекс 1:2,
Победа – Ренова 1:0,
Работнички – Скопје 3:2,
Шкендија – Пелистер 4:0 и
Шкупи – Вардар 4: 1

Конечна табела:

1.Шкендија 91 бод
2.Вардар 56
3.Работнички 52
4.Шкупи 51
5.Силекс 50
6.Академија Пандев 42
7.Ренова 41
8.Победа 38
9.Скопје 35
10.Пелистер 34

Од поодамна шампионскиот трофеј го обезбеди Шкендија која ќе игра квалификации за Лигата на шампионите. Вардар е второпласиран и ќе игра во квалификациите од Лига Европа заедно со Работнички.