Промоција на книгата „Македонска традиционална медицина“


Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов ќе биде промовирана вечер во книжарницата „Литература.мк“.

Книгата во издание на „Арс Либрис“ содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со кои се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

Јованов работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ Универзитетот во Скопје. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и низа стручни трудови. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на претседателот на Владата.

Промотор на книгата во „Литература.мк“ ќе биде д-р Ненад Златановиќ.