Притвор за лицето што го застрела ловецот во Струмичко


Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против З.Ј (38) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР соопшти дека завчера околу 13,50 часот, на местото викано „Медев рид“, атар на село Белотино, во близина на браната Водоча, пријавениот заедно со уште седум лица бил на лов. Во еден момент испукал еден патрон со пушка сопственост на лице од Белотино и го погодил лицето Ж.И. од село Рич, кој во моментот се движел по шумска патека низ непрегледна шума на оддлеченост од околу 30 метри.

Ж.И се здобил со влезна рана од оружјето во пределот на главата, од каде почнал обилно да крвари и паднал во безсознание.

Пријавениот, со намера да го прикрие настанот, ги известил другите лица кои во меѓувреме дошле на помош, дека Ж.И од невнимание се самозастрелал, притоа ја зел пушката која ја користел сега починатиот и ја пренел на друго место на оддалеченост на околу 50 метри потпирајќи ја на една грмушка и враќајќи го петлето од пушката напред.
Откако повредениот од страна на другите лице кои биле на лов бил качен на трактор, со цел побрзо да му се пружи лекарска помош, пријавениот ја земал пушката со која бил на лов, заминал кон брана Водоча, земал метална жица и го одбравил затворачот на пушката кој бил оштетен, го извадил, а го фрлил и употребениот патрон во водите на брана Водоча, по што пеш заминал за Белотино, враќајки ја пушката на лицето од кое ја зел заедно со уште четири неупотребени патрони.

Повиканата екипа од Итната медицинска помош од Струмица веднаш дошла и укажала лекарска помош по што повредениот со медицинско возило бил префрлен во ЈЗУ Општа Болница – Струмица, каде и покрај пружената лекарска помош и реанимација, им подлегнал на повредите.
Од извршените проверки било утврдено дека пријавениот и починатото лице не поседувале огнено оружје со дозвола за оружје, ниту, пак, биле членови во Ловното дрштво „Беласица“ од Струмица.

По наредба на јавен обвинител извршена е обдукција врз телото на починатиот. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Струмица.