Приведен градоначалникот на Демир Хисар


Градоначалникот на Демир Хисар утрово им се заканувал на вработените во училиште поради што полицијата го привела.

Како што потврдуваат извори од МВР за МИА, граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, е приведен утрово.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори.