Приведен велешанец оти се заканувал кон персоналот на болницата
Дваесет и двегодишниот Д.А. од Велес бил приведен вчера откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општата болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив.
МВР соопшти дека на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници.
Се работи на расчистување на случајот.