Руските претседателски избори ќе чинат 256 милиони евра


Централната изборна комисија на Русија од владата доби приближно 256 милиони евра за кампањата за претседателските избори закажани за 18 март наредната година, јави ТАСС.

Датумот на одржување на изборите го утврди Горниот дом на парламент на седница одржана во петокот.

Одлуката е објавена и во службениот весник „Росискаја газета“, со што официјално почна предизборната кампања.