Почина Дарко Арсов, освојувачот на злато на Специјалната олимпијада
Дарко Арсов, македонскиот спортист и освојувач на златен медал на Специјалната олимпијада во 2011 година во дисциплината 25 метри пливање, денеска по долгогодишно боледување почина на 37 годишна возраст.
Преку хуманитарни акции се апелираше да му се помогне на Дарко кому му беше потребна трансплатација на црн дроб, но за жал, не се успеа во намерата да се најде донор.
„Со огромна тага и жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот атлет Дарко Арсов. По долгогодишно боледување, златното момче ја изгуби битката. Дарко Арсов ќе го паметиме по неговиот ведар дух, хуморот кој во себе го носеше и златниот медал во пливање на 50 метри од олимписките игри во Атина 2011 година.
Искрено сочувство до семејството“, напишаа од Специјалната олимпијада на Македонија.