Потрагата заврши трагично: Исчезнатата Снежана Тројачанец пронајдена почината


Професорката од земјоделскиот факултет Снежана Тројачанец по која трагаше нејзиното семејство и пријатели, попладнево е пронајдена почината во Карпош 4.

Информацијата е потврдена и од полицијата.

Синот на професорката попладнево на Фејсбук групата која беше отворена да помогне во нејзината потрага, извести дека ја пронашле почината.

Сопругот го пријавил нејзиното исчезнување вчера во 12 часот. Кажал дека Сњежана излегла од дома, најверојатно околу 6 часот утрото, и уште не е вратена. Полициски тимови вчера се вклучиле во потрагата која продолжи и денеска.

Телото на починатата го пронашол случаен минувач.