Потона товарен брод по судар со патнички брод во Јадранското Море
Патничкиот брод „Тијат” синоќа се судрил со товарниот брод „Син Јадран” на околу 200 метри од хрватскиот остров Првиќ, по што 28-метарскиот карго брод потонал на длабочина од околу 20-25 метри, јави Хина.
Локалните жители ги спасиле двајцата членови на екипажот.
Пристанишните власти во блискиот град Шибеник соопштија дека потонатиот брод имал дизел мотор, но засега на местото на несреќата не се гледаат знаци на загадување на морето од истекување гориво.
На патничкиот брод му е наложена забрана за пловидба додека не заврши истрагата за причините за несреќата.