Половина Германци сакаат нови избори


Околу половина Германци сакаат одржување предвремени избори за членови на Бундестагот, откако актуелната германска канцеларка Ангела Меркел не успеа да постигне договор со либералите и зелените за формирање нова владина коалиција, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот ИНСА за весникот „Билд“.

Според истражувањето, 49,9 проценти од анкетираните се изјасниле за предвремени избори. Само 20 отсто поддржуваат формирање на малцинска влада.

Дури 48,5 отсто од испитаниците ја поддржуваат одлуката на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за преминување во опозиција по најлошиот изборен резултат по Втората светска војна на изборите во септември, додека само 18 процети се изјасниле за продолжување на досгешната коалиција на социјалдемократите со блокот на Христијанско демократската унија и Христијанско социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) на Меркел.

Кого станува збор за пропаѓањето на преговорите меѓу ЦДУ/ЦСУ, либералната Слободна демокраска партија (ФДП) и Зелените, за формирање нова влада, 27 отсто од анкетираните вината за неуспехот ја лоцираат во лидерот на либералите Кристијан Линднер. Од друга страна само 13 проценти како виновник за пропаѓање на преговорите го сметаат лидерот на Зелените, Џем Оздемир.

Секој четврти испитаник смета дека Меркел треба повторно да се кандидира за канцелар, ако има предвремени избори. Вкупно 24 проценти преферираат нејзината партија ЦДУ да предложи друг кандидат, иако нема консензус кој да биде тоа.

Според истражувањето, доколку има нови избори, повеќето гласачи би преферирале коалиција меѓу ЦДУ/ЦСУ и ФДП, а на второ место е коалиција меѓу СПД, Зелените и партијата Левица.

Истражувањето покажува дека нови избори нема да доведат до посебна промена во односот на силите во Бундестагпт, односно за демохристијаните ќе гласаат до 30 проценти, СПД ќе го задржи истото ниво од 21 процент, Зелените би добиле 10 проценти, а ФДП 11 проценти од гласовите.

Тоа значи дека повторно единствените можни коалиции со мнозинство ќе бидат меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД или меѓу ЦДУ/ЦСУ, ФДП и Зелените