Полицијата го утврди идентитетот на загинатиот мотоциклист
Полицијата го утврди идентитетот на мотоциклистот кој загина утринава во сообраќајна несреќа во Аеродром.
Станува збор за 41 годишниот скопјанец Д.П.
Тешката сообраќајна несреќа се случи утрово околу седум часот на крстосницата со булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“. Во несреќата учествуваа автомобил „Мицубиши“ управуван од скопјанката В.С. и мотор управуван од сега починатиот Д.П.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.