Полицаец и ограбувачот загинаа при грабеж на банка во Косово
Припадник на косовската полиција и уште едно лице загинаа попладнево при обид за грабеж на банка во градот Исток во западно Косово.
Како што изјави портпаролот на полицијата на пеќкиот регион Џеват Ибрај, на местото на настанот е убиен вооружениот ограбувач, кон кого припадниците на полицијата отвориле оган во обид да го запрат.
Припадникот на полицијата, идентификуван како Изет Демај, починал подоцна во болницата во Пеќ, каде што бил однесен по престрелката во која бил ранет.
Како што јавија медиумите, ограбувачот зел како заложници неколку лица кои се затекнале во банката во тоа време, но никој од нив не настрадал.