Покетино: Кејн за Тотенхем е исто што и Тоти за Рома
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, ја споредува ѕвездата на неговиот тим Хари Кејн со легендарниот Франческо Тоти.
„Најважната предност на Хари е неговата желба за успех. Неговата врска со Тотенхем, исто така, прави разлика, и ме потсетува на Тоти и Рома“, рече Покетино.
Според Покетино, Кејн заедно со Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин се меѓу најдобрите централни напаѓачи на светот.