Поглаварот на Албанската православна црква, Јанулатос по 25 години доби албанско државјанство


Поглаварот на Албанската православна автокефална црква, Анастасиј Јанулатос, по 25 години конечно доби албанско државјанство.

Указот за државјанството го потпиша шефот на државата Илир Мета, кои вестата ја соопшти на својот профил на Фејсбук.

– Драги пријатели, на Бадник, воочи Божик, со задоволство ја објавувам мојата одлука да му дадам албанско државјанство на Архиепископот за Тирана, Драч и цела Албанија, неговата висост, Анастасиј Јанулатос. Во изминатите 25 години тој придонесе не само за канонско и духовно воскреснување на Албанската православна автокефална црква, образованието на младите генерации албански свештеници туку и за меѓународната афирмација и признавање на АПАЦ насекаде во светот, оцени Мета.

Тој ја посочи добрата соработка на Јанулатос со челниците на другите верски заедници во негувањето на верската хармонија,толеранција и соживот што е „национално богатство на албанскиот народ“.

Јанулатос во Албанија пристигна во 1992 година, кога стана поглавар на албанската црква. Поради тоа што тој е Грк и не го познаваше албанскиот јазик често се спротивставуваа албанските великодостојници.

Веднаш по доаѓањето тој побара албанско државјанство.Но тоа не му го доделија досегашните претседатели, Сали Бериша, Реџеп Мејдани, Алфред Мосиу, Бамир Топи и Бујар Нишани.

Анастасиј Јанулатос е роден на 4 ноември 1929 година во Пиреја, Грција.

Mинистерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, ја поздрави одлуката на Албанскиот председатет Мета да му додели на Анастасиј Јанулатос албанското државјанство како чекор на признавање на хуманитарна работа на Поглаваротот на Албанската православна црква и зајакнување на довербата меѓу албанскиот и грчкиот народ.