Повреден затвореник во тепачка во Идризово


Затвореник во затворот во Идризово се здобил со тешки повреди откако бил удрен од друг затвореник.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил вчера околу 16.00 часот во Казнено – поправната установа Идризово кога затвореникот Р.Ѓ. (45) од с.Јурумлери, скопско, бил удрен во пределот на носот од страна на затвореникот А.К.

– На Р.Ѓ. му била укажана медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и му биле констатирани тешки телесни повреди, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.