Повеќе од 60 отсто од Шпанците се за уставни промени


Над половина од Шпанците се согласуваат дека треба да има промени во уставот на кралството, но не поддржуваат  измени во амандманите кои дозволуваат спроведување референдуми за независност, покажуваат податоците од телефонското анкетирање на компанијата „Мундо сигма дос“ (Mundo-Sigma Dos) спроведена од 23 до 29 ноември и објавено од во „Мундо“.

Резултатите покажуваат дека 61,6 отсто од испитаниците ја поддржуваат потребата од уставни промени, но 63,8 отсто од нив се против амандмани кои ќе овозможат референдум за независност. Мнозинството од 900-те полнолетни испитаници – 68,5%, се убедени дека политичките партии нема да се договорат за прашањата за такви промени и тие нема да бидат усвоени за разгледување.