Пливање: Бертола победник на маратонот во Охрид на 10 километри


Аргентинецот Гилермо Бертола триумфираше на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри, кој денеска се одржа во Охридското Езеро.
Пливачот ја помина делницата од 10 километри за 2:02:46,68 часа. Втор заврши Венцислав Ајдарски од Бугарија со време 2:02:47,50, а третопласиран беше Алехандро Хоакин Морено од Аргентина (2:02:49,39 часа).
Нашиот единствен преставник кај мажите, Александар Илиевски финишираше петти со десет минути заостанување зад победникот.
Победничката во женската конкуренција, исто така, беше од Аргентина, откако Елизабет Сесилија Биљоли победи со време од 2:10:27,69 часа. Втора финиша нејзината сонародничка Ромина Ивинкерлајд (2:10:42,62 часа), а трета Ерика Јенсен (2:23:43,57 часа).
Mакедонската пливачка Ева Петровска се пласираше на петтото место со време од 02:29:28.69.
Вкупниот награден фонд на маратонот изнесуваше 3.400 евра.