Пирати нападнаа товарен брод во близина на Нигерија
Пирати нападнаа брод што пловел под швајцарско знаме во близина на брегот на Нигерија. Министерството за надворешни работи на Швајцарија соопшти дека е известено за нападот.
Според медиумите екипажот броел 19 луѓе, а киднапирани се 12. Компанијата сопственик на бродот соопшти дека ниту еден член на екипажот не е швајцарски државјанин.
Бродот превезувал жито од Лагос за Порт Харкорт.