Падна хеликоптер во Иран, петмина загинаа


На западот на Иран падна хеликоптер, при што загинаа пет лица, јави иранската државна телевизија.
Шефот на државната медицинска служба за итни случаи Перхосеин Куливанд потврди дека од пет лица во леталото тројца биле дел од посадата. а двајца биле спасувачи.
Со хеликоптерот требало да се превезе бремена жена, но леталото не стигна до одредиштето.
Иранските авионесреќи се последица на старите летала и долгогодишните меѓународни санкции, поради иранската нуклеарна програма, наведува американска агенција.