Отворена дополнителна амбуланта на Пулмологија, зголемен бројот на пациенти од загадувањето


Расте бројот на пациенти кои поради аерозагадувањето побарале помош на Клиниката за пулмологија. Затоа, како што вели директорот Докиќ, отворена е и дополнителна амбуланта со цел да ги прими сите пациенти со приоритетни упати. Со најлоша клиничка слика се хронично болните- оние со пневмонија, бронхитис, астма, белодробни фибрози, јавува Македонската радио телевизија.

 

„Аерозагадувањето смета не само на хроничните пациенти, туку е штетно и за здравјето на сите здрави индивидуи, поради тоа што предизвикува воспаление на слузокожата од носот и горните и долните дишни патишта, што може да се манифестира со кашлица, иритација во очите, гребење во грлото, потешкотии во дишењето“, изјави за МТВ Дејан Докиќ директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Целосниот текст прочитајте го тука.

Поврзан текст: (ФОТО) Апокалиптични фотографии од Скопје: Денеска е најзагаден град во светот