Норвежанките први финалистки на ракометното СП во Германија


Норвешка ја совлада Холандија со 32:23 во првото полуфунале на Светскиот ракометен шампионат во Германија. Норвежанките тргнаа силно и одиграа натпревар во еден здив и без осцилации. До средината на првото полувреме обезбедија предност од осум гола разлика (10:2) што без проблеми ја одржуваа низ целиот натпревар.

Одлично попладне како што беше случај и против Русија во четврт-финалето имаа Нора Морк и Стине Офтендал. Клупските колешки од унгарски Ѓер постигнаа по седум гола и беа најефикасни во победничкиот тим во чии редови се истакнаа и Вероника Кристијансен и Аманда Куртовиќ кои погодија по петпати.

Холанѓанките овојпат беа далеку од нивото. Беа порозни во одбрана, тешко ги организираа нападите, а помош немаа ниту од голманките Вестер и Јанковиќ. Па, најистакнати во таквата слика на теренот беа Лои Абинг и Ивет Брох кои дадоа по пет погодоци.

Шведска и Франција од 20.45 часот ќе разигруваат за второто место во финале кое ќе се одигра во недела од 18.30 часот.