Новинар во Азербејџан осуден на шест години затвор
Азербејџанскиот новинар Азиз Оруџов (33), кој е директор на интернет телевизијата „Канал 13“, денеска е осуден на шест годишна затворска казна.
„Тој е осуден поради нелегална трговија и бидејќи прифатил незаконско финансирање од страна на странски фирми“, наведе денеска неговиот адвокат Џавад Џавадов.
Оруџов тврди дека обвиненијата против него се измислени и политички мотивирани.
Џавадов посочи дека новинарот е осуден бидејќи „емитувал протести на азербејџанската опозиција“.