Неисправен училишен прозорец повреди ученичка во Скопје


Единаесетгодишна ученичка се здобила со скршеница на левото рамо откако врз неа паднал прозорец за време не настава во училиштето во кое учи.

Како што информира полицијата. таткото Ф.К. (32) во полициската станица во Карпош, Скопје пријавил дека на 15 март додека неговата ќерка била на час, наставничката се обидела да го отвори прозорот, истиот се откачил и паднал врз неговата ќерка. Девојчето седело во близина на прозорецот и тој ја удрил во левото рамо.

Подоцна, по завршувањето на часовите, кога дошла дома се пожалила на болки во левото рамо и по прегледот во Градската општа болница „8-ми Септември“ констатирано и била скршеница на коска на рамото.